Координација во Собранието за телото за помирување

06.11.2018 10:35

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27-ми април 2017-та да бидат амнестирани.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на законодавниот дом, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии, што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27-ми април 2017-та да бидат амнестирани.

Во Собранието утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт- амнадманите за измени на Уставот, како и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судското решение најдоцна задутре треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за случајот „Тенк“.