САД

Американците бираат членови на Конгресот и третина на Сенатот

06.11.2018 10:43

Според многумина Американци, конгресните избори се референдум за претседателот Трамп и неговата политика и реторика. Неговиот претходник Барак Обама беше најбараната личност за поддршка на демократските кандидати.

Американците гласаат за членови на Конгресот и властите на сојузните држави, на кои Демократската партија може повторно да стане важен фактор на политичката сцена. Се бираат 435 членови на Претставничкиот дом и третина од членството на Сенатот, гувернери и парламентарни состави на сојузните држави.

Според многумина Американци, конгресните избори се референдум за претседателот Трамп и неговата политика и реторика. Неговиот претходник Барак Обама беше најбараната личност за поддршка на демократските кандидати.

Средномандатните избори се спроведуваат на половина од мандатот на актуелниот претседател, но немаат директно влијание врз позицијата на челникот на Белата куќа.