Трговската размена на Македонија до септември 11,6 милијарди долари

06.11.2018 10:48

Според државната статистика, трговскиот дефицит е една милијарда 546 милиони долари...

Вкупно 11,6 милијарди долари изнесува трговската размена на Македонија за периодот јануари-септември 2018-та година.

Притоа, на извоз отпаѓаат 5 милијарди и 46 милиони долари, што е раст од 22,7 насто во однос на истиот период лани, додека на увоз отпаѓаат 6 милијарди 593 милиони долари, што е за 19,5 насто повеќе во споредба со јануари-септември 2017-та.

Според државната статистика, трговскиот дефицит е една милијарда 546 милиони долари, а покриеноста на увозот со извоз 76,7 насто.