Брегзит

Меј: Договорот е речиси готов, но граѓаните се премислуваат

06.11.2018 11:40

Резултатите од анкетата на телевизијата „Канал 4“ покажуваат дека само 46 отсто од Британците би ја поддржале таквата одлука, за разлика од референдумиот одржан во јуни 2016 година, кога одлуката за Брегзит беше донесена со 51,9 отсто од гласовите „за“ и 48,1 проценти „против“.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Европска унија е 95 проценти готов, а мнозинството Британците се премислуваат и би гласале за останување во Унијата доколку се одржи нов референдум.

Резултатите од анкетата на телевизијата „Канал 4“ покажуваат дека само 46 отсто од Британците би ја поддржале таквата одлука, за разлика од референдумиот одржан во јуни 2016 година, кога одлуката за Брегзит беше донесена со 51,9 отсто од гласовите „за“ и 48,1 проценти „против“.

Меј изрази убеденост дека решението за Северна Ирска, кое е точка на несогласување во преговорите за Брегзит, ќе биде пронајдено до рокот за постигнување договор,  во март следната година.