Маскираниот Леброн незадржлив!
2:2 домашни - гости во четирите НБА натпревари. И без Леброн Џејмс Мајами беше во позитивна низа којашто со враќањето на „Кралот“ ја продолжи на шест победи.

По пауза од една недела поради скршениот нос, Џејмс и со маска на лицето беше најдобар поединец во триумфот на шампионот против Њујорк од 108:82. Леброн постигна 31 и петти натпревар по ред реализира 30 или повеќе поени. Клучни за триумфот на Мајами беа завршните седум минути и серијата од 23:3.
Најдобриот славеше против насјлабиот, Индијана - Милвоки 101:96. „Пејсерс“ се со број еден ефект во лигата од 44 победи и 13 порази, додека „Бакс“ имаат најлош биланс, 11-46.
По седум години „Нетси“ конечно славеа во Деневер. Овојпат Бруклин беше подобар со 112:89 што е прв триумф по шест гостински порази. „Нагетс“ постигнаа само осум поени во првиот период на мечот на којшто најпрецизен беше Пол Пирс со 18 кошеви.
Најинтересен беше дуелот во Торонто кадешто Вашингтон победи по три продолженија со 134:129. Ова е петти триумф во серија на „Визардс“ за којшто најзаслужни беа Џон Вол и Ларсин Гортат со по 31 поен.
Резултати:
Мајами - Њујорк 108:82
Индијана - Милвоки 101:96
Денвер - Бруклин 89:112
Торонто - Вашингтон 129:134 (три продолженија)
