САД

Трамп: Веројатно нема да имам средба со Путин во Париз

06.11.2018 12:18

Потенцираше дека состанок ќе одржат на самитот на Г-20 во Аргентина на крајот на месецов.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека најверојатно нема да има средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз оваа недела за време на одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Потенцираше дека состанок ќе одржат на самитот на Г-20 во Аргентина на крајот на месецов. Неделава ќе номинира и нов американски претставник во ОН.