Хан: 2025-та година е реалистичен датум за ЕУ ако се исполнат критериумите

06.11.2018 12:36

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за „Ди Велт“, вели дека 2025-та година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите...

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Ди Велт“, вели дека 2025-та година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите.

„Датумот 2025-та е индикативен, но ако се интензивира имплементацијата на реформите тој е доста реалистичен. Но, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети претходно, нема скратен пат. Мотото е квалитет пред брзина“, вели Хан.

Тој во интервјуто уште еднаш го поздрави гласањето за уставните измени во македонското Собрание. Уверен е дека Преспанскиот договор ќе биде изгласан во Грција и вели дека овој договор ќе испрати важен сигнал на помирување за целиот регион.