Анкета

Се намалува довербата во институциите

06.11.2018 12:59

Се намалува довербата во институциите, покажала анкетата на агенцијата „Ипсос“, спроведена во септември годинава. Половина од испитаниците не се задоволни од работата на полицијата. Научната фела смета дека покрај едукацијата неопходно е и менување на свеста кај полицајците...

Се намалува довербата на граѓаните во институциите, покажува анкетата на агенцијата „Ипсос“. Најлоши оценки се дадени за судството, а по него на дното на листата се и Антикорупциската комисија, обвинителството, пазарната инспекција, здравството. Половина од испитаниците посочиле дека не се задоволни од работата на полицијата. Расте бројот на оние кои сметаат дека во нејзините редови има корупција.

Според професорот Трпе Стојановски, тренингот и едукацијата се важни, но не и доволни. Посочува оти е неопходно менување на свеста кај полицајците.

Заклучок од истражувањето- потребна е деполитизација на полицијата, а борбата против корупцијата да стане врвен приоритет. Теренската анкета на „Испос“ е спроведена на 1.021 испитаник во септември.

 

Наташа Гркова- Петрушевска