Метео: Сончево време со умерена облачност
06.11.2018 13:21
Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Скопје утре со дневна температура од 19 степени.

Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. Скопје утре со дневна температура од 19 степени.
Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Повеќе услови за локални врнежи од дожд ќе има во четврток, особено во јужните делови.
Потоа ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на магла по одделни котлини.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
