Даночна реформа

Анѓушев: Прагот е праведно одреден

06.11.2018 13:28

Смета дека даночната реформа е добро одмерена и е општествено оправдано поимотните да помогнат во ублажување на сиромаштијата.

Вицепремиерот Анѓушев ја поддржува даночната реформа. Смета дека е добро одмерена и е општествено оправдано поимотните да помогнат во ублажување на сиромаштијата.

„Јас  се согласувам со тој праг, затоа што на тој начин се заштитува интересот на младата интелектуална класа во Република Македонија, којашто сакаме да остане во државата, да ја гради државата, тоа се информатичарите, тоа се младите инженери, младите доктори специјалисти, кои што отприлика стигаат до некакви плати од 1.000 евра, сите тие се изземени од оваа мерка. Во оваа мерка влегуваат само 1 % од граѓаните на Република Македонија кои што имаат најголеми лични приходи и мислам дека сите тие, а во нив спаѓам и јас, навистина треба да се солидаризираме и да знаеме дека практично го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните на Република Македонија и мислам дека мерката е апсолутно праведна“, изјави Анѓушев.

Според вицепремиерот за економски прашања, со оваа мерка не се задава никаков удар на индустријата поради тоа што другите даноци во Република Македонија остануваат во најголем дел исти.