Собрание на РМ

Формирана Комисијата за помирување

06.11.2018 14:28

Со комисијата ќе претседаваат потпретседателката на закодавниот дом, Фросина Ташевска- Ременски и пратеничката Емилија Александрова од независната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието е формирана Комисијата за помирување. Со неа ќе претседаваат потпретседателката на закодавниот дом, Фросина Ташевска- Ременски и пратеничката Емилија Александрова од независната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата беше разгледана на координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на законодавниот дом. На првиот состанок по одредување на членовите на Комисијата ќе треба да се определат темите и надлежностите на ова тело.

Алијансата за Албанците ја напушти координацијата кај спикерот Џафери. Оцени, на мала врата се промовира амнестија за 27-ми април. На денешната координација кај Џафери не присуствуваше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски