Поранешни вработени во ОХИС на протест пред Владата

06.11.2018 13:50

Тврдат оти имаат судска пресуда, а им било ветувано и дека ќе добијат пари од продажбата на имотот.

Поранешни вработени во ОХИС на протест пред Владата. Побараа линеарна исплата на заостанатите 24 плати. Тврдат оти имаат судска пресуда, а им било ветувано и дека ќе добијат пари од продажбата на имотот.

Посочуваат дека се поранешни работници – технолошки вишок и нагласуваат, заостанатите плати им се за периодот од 2003 година. Како што велат, им било ветено дека ќе им бидат целосно исплатени по продажбата на ОХИС за која се земемени 7,1 милион евра, од кои им биле ветени 5,1 милион евра дека ќе бидат наменети за исплата на заостанатите плати.

Остварија средба со министерот Шапуриќ, но побараа состанок и со ресорот економија.