Бизнисот бара реални основи за новото оданочување
Претседателот на Комората, Бранко Азески, пред денешната вонредна седница на Управниот одбор, рече дека секое ново оптоварување на фирмите ја намалува нивната конкурентност.

Бизнисот не е против подигањето на животниот стандард на другите категории на граѓани, велат од Стопанската комора. Сметаат дека воведувањето на прогресивниот данок може да ги загрози бизнисите, бараат реални основи за новото оданочување.
Претседателот на Комората, Бранко Азески, пред денешната вонредна седница на Управниот одбор, рече дека секое ново оптоварување на фирмите ја намалува нивната конкурентност. Азески истакна дека во однос на прогресивното оданочување мора да се земе предвид и присуството на странските компании во земјава, вкупно 154, односно нивниот став и размислување за ефектот од ваквата мерка.
Министерот за финансии Тевдовски е дециден дека прогресивното оданочување е праведно и ќе помогне да се намали сиромаштијата, да се подобри образовниот, здравствениот и социјалниот систем.
Компаниите и првиот човек на комората на средба со министерот за финансии Драган Тевдовски дискутираат за воведувањето на прогресивниот данок.
