Сведочење на Ѓорѓи Лазаревски на рочиштето за предметот „Таргет- Тврдина“
Сомнежите за масовното прислушување, Лазаревски тврдеше дека ги стекнал по реакциите на неговите колеги, кои како што рече, чудно се однесувале. Тврдеше дека за прислушувањето знаел повеќе години, но немал каде да пријави. Го замолил колегата Ѕвонко Костовски да обезбеди докази кои во иднина може да послужат како доказ пред судот.

Политичари од опозицијата, јавни личности – голема е бројката на луѓе кои биле таргет на незаконско прислушување. Ова го тврди инженерот Ѓоко Лазаревски, своевремено вработен во УБК, кој на рочиштето сведочеше за случајот „Таргет - Тврдина“. Појасни како мрежно се поврзал со системот за следење на комуникациите и добил информации за тоа што се случува.
Сомнежите за масовното прислушување, Лазаревски тврдеше дека ги стекнал по реакциите на неговите колеги, кои како што рече, чудно се однесувале. Тврдеше дека за прислушувањето знаел повеќе години, но немал каде да пријави. Го замолил колегата Ѕвонко Костовски да обезбеди докази кои во иднина може да послужат како доказ пред судот. Лазаревски е еден од стотината сведоци кои се предложени од СЈО.
Во предметот „Таргет- Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и екс- директорот на УБК, Сашо Мијалков, како и неговиот шеф на кабинет, Тони Јакимовски.
Според обвинението во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви и биле прислушувани 20 илјади граѓани.
