Битола

Медиумите да се насочат кон процесот на саморегулација

06.11.2018 15:59

Советот за етика во медиумите во соработка со регионалната канцаларија на ЗНМ во Битола одржа конференција на тема „Слобода на изразувањето, медиумските слободи и саморегулацијата“. Фокус да се стави на процесот на саморегулацијата, а медиумите да го подобрат почитувањето на стандардите...

Во Европа генерално постои пад на новинарската професија. Во веме кога дебатата за лажните вести, за почитувањето на новинарските стандарди е многу актуелна, време е новинарската фела да си ја земе професијата во свои раце и да се наметне како основен регулатор и поставувач на правилата во новинарството, и да кажеме дека самите ние имаме сила ди си ги почитуваме стандардите и издигнеме на повисоко ниво, рече генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутерез. Неговата препорака е во Македонија посебен фокус да се стави на процесот на саморегулацијата.

Од Советот за етика велат дека во последниот извежтај за напредокот на државава е констатирано дека се подобрува слободата на медиумите, сепак останува обврската да се подобрува почитувањето на новинарските стандарди. Засега најголем број на жалбите се однесуваат на прекршувањето во интернет порталите.

Инаку на конференцијата беше промовиран и конкурсот за ЕУ наградата „Жан Моне“, за најдобри достигнувања во известувањето на темата „Градење на доверба во несигурни времиња“.

 

Стевче Митревски