Спорниот „Алах“ - привезок исфрлен од видео спот на Пери

28.02.2014 14:24

Сцената од видео спотот на пејачката Кети Пери за песната „Dark Horse“ е заменета откако е покренатата петиција за повлекување на привезокот со зборовите „Алах“ од спотот.
 
Петицијата на англиски јазик, која ја покрена Шазад Икбал од Брадфорд во Велика Британија, собра повеќе од 34 илјади потписи уште првиот ден.
 
- Ова е вистинско богохулие, затоа што спотот јасно ја пренесува пораката додека зборот „Господ“ гори во пламен, пишува во петицијата.
 
- Петицијата е покрената затоа што луѓе од различни делови на светот и култура се согласуваат дека со видеото се промовира богохулие, користејќи го името Господ на неважен и невкусен начин, напишаа во објаснувањето.
 
Собрани се 65 илјади потписи, па спорната сцена е повлечена од спотот.
 
- Луѓе, мило ми е што можам да ве информирам дека Алаховото име е повлечено од спотот за песната „Dark Horse“. Не би успеале во ова ако не беше вашата поддршка, ви благодарам, напиша Икбал.