ПАРИЗ
Уапсени шест лица, подготвувале напад врз Макрон
06.11.2018 16:47
Уапсените наводно имале „непрецизен и недоволно разработен“ план за извршување „насилни акции“ врз Макрон.

Француските безбедносни служби уапсија шест лица во рамки на прелиминарната истрага под сомнеж дека планирале напад врз претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Уапсените наводно имале „непрецизен и недоволно разработен“ план за извршување „насилни акции“ врз Макрон.
Француските медиуми претходно објавија дека се уапсени шест припадници на француската ултрадесница во рамки на истрагата заради закана упатена кон претседателот на државата.
