Конгресни избори во САД
Демократите водат во Претставничкиот дом, републиканците во Сенатот
07.11.2018 10:24
Според првичните резултати од конгресните избори во САД, демократите водат во Претставничкиот дом, републиканците во Сенатот...

Според првичните резултати од конгресните избори во САД, демократската партија води во трката за Претставничкиот дом, а републиканците ја задржуваат контролата врз Сенатот.
За претседателот Доналд Трамп, кој неуморно учествуваше во преизборната кампања на својот републикански табор, постигнат е голем успех.
Процесот мина со голема излезност, но и со технички проблеми на уредите за гласање на повеќе места. Прелиминарните податоци покажуваат забележителни резултати и на претставниците на малцинствата.
