ЕВРОПА

Шпанија и Русија формираат заедничка група за кибернетичка безбедност

07.11.2018 10:48

Шефот на руската дипломатија Лавров смета дека некои руски медиуми ги преминале границите на професионалната дејност, но потенцира дека нема докази за вклученост на Кремљ.

Русија и Шпанија со заедничка група за кибернетичка безбедност ќе се борат против ширење дезинформации коишто им штетат на билатералните односи.

Шефот на руската дипломатија Лавров смета дека некои руски медиуми ги преминале границите на професионалната дејност, но потенцира дека нема докази за вклученост на Кремљ.

Дел од шпанските функционери ја обвинуваат Русија дека води кампања за дезинформирање која е делумно одговорна за нестабилноста во шпанската автономна област Каталонија.