„Севилскиот бербер“ в петок во МОБ

07.11.2018 11:13

Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина...

Во Македонската опера и балет, в петок со почеток во 20 часот, ќе се одржи популарната опера „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Авторската екипа е составена од диригентот Иван Еминовиќ, режисер е Урсула Хорнер (Австрија), асистент-режисер Љупка Јакимовска, сценограф е Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, светло-дизајн на Васко Лисичов, концерт-мајстор Верица Ламбевска, асистент-хормајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.