Вашингтон со дополнителни санкции кон Русија
07.11.2018 11:15
Според Актот за елиминација на хемиското и биолошкото оружје од 1991 година, Русија мора да престане со употребата на нервниот гас „Новичок“, кој беше употребен во инцидентот.

Американскиот Стејт департмент ќе воведе дополнителни санкции кон Русија поради неисполнување на условите кои Вашингтон ги воведе за Москва по труењето на поранешниот руски двоен шпион Скрипаљ во Велика Британија.
Според Актот за елиминација на хемиското и биолошкото оружје од 1991 година, Русија мора да престане со употребата на нервниот гас „Новичок“, кој беше употребен во инцидентот.
Документот ја обврзува и да не користи хемиско оружје против својот народ и да дозволи инспекции на одредени локации од Обединети нации.
