„Танец“ слави 65 годишен јубилеј
Низ децениите Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид прерасна во достоен репрезент на најубавото и непроценливо македонско фолклорно богатство-стожер на Македонскиот идентитет...

Националниот бренд и гордост на македонската култура, репрезентот на македонските изворни ора и песни слави 65 годишен јубилеј. Танец изминатите години успешно ја промовираше македонската култура и вон границите. Низ децениите Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид прерасна во достоен репрезент на најубавото и непроценливо македонско фолклорно богатство-стожер на Македонскиот идентитет. Танец низ децениите успешно ја претставуваше Македонија во најпрестижните Карнеги хол, Опера хаус, Бољшој театарот и многу други.
„Танец веќе утре патува за Белград, каде што ќе има настап преку агенцијата за туризам на РМ“, рече Зоран Џорлев, директор на националниот ансамбл „Танец“.
Министерката Гордана Канческа- Милевска им се заблагодари на сите членови на ансамблот за досегашните успеси и успешно промовирање на македонската култура.
„Танец одигра една историска мисија и докажа дека Република Македонија со својата богата етнокореолошка традиција, зазема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура низ целиот свет“, истакна министерката.
За 2014-та година планирано е да се издадат нови мултимедијални дивидија, набавка на нова опрема и инструменти. Поради големиот јубилеј од 65 години, Танец ќе реализира и богата концертна програма низ републиката, а ке ја претставува и Македонија во Рига на манифестацијата „Европска претстолнина на културата“.
Александра Перевска
