Мисија на ММФ ќе ја скенира македонската економија

07.11.2018 11:45

Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји- членки и опфаќа годишен сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта- велат од Меѓународниот монетарен фонд...

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, од утре до 16-ти ноември ќе престојува во Македонија, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.

„Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји- членки и опфаќа годишен сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта. На крајот од мисијата, тимот на ММФ планира да објави соопштение со прелиминарни заклучоци“- се вели во пишаната изјава на Себастијан Соса, резидентен претставник на ММФ за Македонија.