Градежништво со стандарди за поголема конкурентност
Во чекор со светските достигнувања во градежништвото, неопходно е следење и имплементација на најновите трендови и стандарди во насока на зголемување на конкурентноста и квалитетот на градбата, беше истакнато на денешната прес конференција на Градежната комора на Македонија...

Градежните компании треба да воведат нови европски стандарди кои произлегуваат од последните законски измени, велат од надлежната комора при Сојузот на стопански комори. Со ова, пак, се очекува да се зголеми конкурентноста на компаниите, како и квалитетот на градбата.
Од Институтот за стандардизација посочуваат дека секој спроведен стандард е бенефит за компаниите.
Законот за градежни производи е донесен во 2015-та. Од крајот на септември, компаниите имаат обврска да ги имплементираат новите стандарди.
Дијана Ценевска
