Владата ќе објави трет повик за нускобуџетни авиокомпании, но со олеснети критериуми

07.11.2018 13:33

Владиниот портпарол Бошњаковски информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26-ти март 2019-та, а не до 10-ти јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

Владата ќе објави трет јавен повик за нискобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми. Владиниот портпарол Бошњаковски информира дека авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26-ти март 2019-та, а не до 10-ти јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повикот да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, истакна Бошњаковски.