Оглас

Субвенции за преработка на земјоделски производи

15.11.2018 10:54

Објавен е огласот за субвенционирање на инвестиции за преработка и за маркетинг на земјоделските производи. Корисници на овие пари се локалните самоуправи во висина од 100 проценти од одобрените трошоци. Пријавувањето за оваа поддршка ќе трае до 8-ми декември годинава...

До 8- ми декември општините, јавните претпријатија или јавните- приватни партнерства можат да поднесуваат барања подобрување на условите и работењето на пазарите. Парите можат да се искористат за набавка на градежни материјали и елементи за конструкција и за обновување на објекти за прием, подготовка и складирање, опрема за контрола на квалите и опрема за означување и пакување на земјоделските производи.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените трошоци но не повеќе од 7.000.000денари.

По барање на корисникот субвенцијата може да се додели во вид на аванс од 20 проценти од вредноста на одобрените трошоци или парите може да се добијат на две рати во согласнот со фазите на реализација на инвестицијата.

Барателите не смеат да почнат со градењето пред потпишување на Договор за ко-финансирање со платежната Агенција.

Документите се доставуваат по пошта или лично во платежната Агенција.

 

Методија Трајков