ЕКСКЛУЗИВНО: Јанукович се појави на прес во Ростов на Дон
„Власта во Киев ја презедоа националистички, профашистички радикали“, изјави поранешниот украински претседател Виктор Јанукович којшто по една недела конечно се појави на прес-конференција во рускиот Ростов на Дон
Јанукович изјави дека не ја признава новата власт во Киев и дека промената била остварена со насилство на Мејдан врз пратениците во Украина. Инаку, денеска проруски вооружени лица ги окупираа аеродромите во Симферопол и Севастопол, двата најголемни градови во независната област Крим кадешто е стационирана руската флота во Црното Море.
Пратениците во кримскиот парламент се договорија да се одржат избори во областа на 25-ти мај, истиот ден кога се закажани изборите во Украина, што е чекор пред создавање на паралелна власт во земјата. Американскиот вицепретседател Бајден ја предупреди Москва да не интервенира воено во Украина, а евроамбасадорот на Русија во ЕУ, Чижов изјави дека станува збор за маневри на руска територија која е „огромна“. На прашањето на новинарката на Си-Ен-Ен„ каква порака сакате да испратите со маневрите“, Чижов кусо одговори„ вие сами оценете“.
Зоран Богатинов
