Сијарто: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

15.11.2018 11:32

Во разговорот што бил инициран од македонска страна, Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интегрцијата во ЕУ и НАТО.

Барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право, му предочил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во телефонскиот разговарал на македонски колега Никола Димитров за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски, кој пребега во Будимпешта.

Во разговорот што бил инициран од македонска страна, Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интегрцијата во ЕУ и НАТО.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил поради безбедносни причини.