Самитот за формализирање на договорот за Брегзит на 25-ти ноември
Членките имаат 48 часа да го евалуираат договорот. Доколку не се случи „ништо вонредно“, самитот за формализирање и финализирање на Договорот за Брегзит ќе се одржи в недела наутро, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потврди дека Европскиот совет за Брегзит ќе се одржи на 25-ти ноември. Постигнатиот договор за напуштањето на Велика Британија од ЕУ, кој содржи речиси 600 страници, треба сега да биде разгледан од страна на земјите членки на унијата.
Членките имаат 48 часа да го евалуираат договорот. Доколку не се случи „ништо вонредно“, самитот за формализирање и финализирање на Договорот за Брегзит ќе се одржи в недела наутро, изјави Туск.
Тој додаде дека главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние успеал да ги одбрани европските интереси и да ја ограничи штетата од одлуката на Велика Британија да ја напушти заедницата. Според Туск, со излегувањето на Британија од ЕУ, губат и двете страни.
