Расте бројот на жртви од пожарите во Северна Калифорнија
15.11.2018 11:57
Официјалните претставници објавија имиња на околу 100 лица кои се водат за исчезнати, меѓу кои и многумина во нивните 80-ти и 90-ти години.

Бројот на жртвите од пожарите во Северна Калифорнија се искачи на 56. Официјалните претставници објавија имиња на околу 100 лица кои се водат за исчезнати, меѓу кои и многумина во нивните 80-ти и 90-ти години.
Се најавува дека списокот на исчезнатите ќе биде објавен наскоро и дека 100 војници на националната гарда ќе им помогнат на тимовите кои го пребаруваат теренот.
