Усвоен предлог- буџетот за идната година
Растот на БДП е проектиран на 3,2 а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 насто или за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.

Владата го усвои предлог- буџетот за идната година и го достави до Собранието. Растот на БДП е проектиран на 3,2 а стапката на инфлација на 2 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 насто или за 500 милиони денари помалку во однос на годинава.
Од ресорот финансии најавија дека во предлог- државната каса има пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната и повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита, пензискиот систем и за воведување „зелена нафта“ во земјоделството.
Капиталните инвестиции се проектирани на 25,7 милијарди денари, а министерот за финансии Тевдовски очекува дека следната година ќе се забрза нивната реализација.
