Нов закон

Повеќе пари за партиите од буџетот

15.11.2018 12:51

Со новиот Закон, повеќе пари за партиите од буџетот. Државниот завод за ревизија има правен и контролен механизам за контрола како се трошат средствата. Тоа го гарантираат и директивите на Европската унија што се дел од законскиот проект, вели собранискиот спикер, Џафери...

Политичките партии со новиот Закон за финансирање добиваат повеќе пари од државниот буџет, а се намалуваат износите што може да ги примаат од донации. Државниот завод за ревизија има правен и контролен механизам за трошење на парите од државната каса.

Според собранискиот спикер Џафери, директивите на ЕУ кои беа вметнати во законскиот проект ќе овозможат перманентна контрола на финансирањето на политичките партии кои се во функција на поголема отчетност и законитост и спречување на можни малверзации.

Државната изборна комисија има обврска да го спроведува Законот за финансирање на партиите во делот на распределба на парите во зависност од бројот на освоените гласови на кои било избори, вели првиот човек на комисијата Дерковски.

Евроамбасафорот Жбогар посочи дека многу е важно да се засилат институциналниот и административниот капацитет во борбата против злоупотребите на јавните финансии во делот на финансирање на политичките партии.

Дел од претставниците на политичките субјекти велат дека партиите мора одговорно да се однесуваат со парите кои ги добиваат од државата.

На конференцијата за административните капацитетети на ревизорските тела, беа споделени искуства од Бугарија и од Хрватска.

 

Игор Панов