Правниците со различни ставови за случајот со екс- премиерот Груевски

15.11.2018 12:55

Правниците со различни коментари за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски. Откако Специјалното јавно обвинителство соопшти дека екс- премиерот не располага со пари и имот на свое име, судијата Цаца Николовска вели дека конфискацијата допира до трето колено, ако се утврди дека движењето на имотот се одвивало преку други лица. Поранешната врховна судијка Милка Ристова, пак, со став- замрзнување на имот во овој случај не е потребно бидејќи Груевски не е осуден за противзаконско стекнување имот...

Правниците со различни коментари за случајот на поранешниот премиер, Никола Груевски. Според судијката Маргарита Цаца Николовска, неиздражни се наводите за закани по неговиот живот, бидејќи тоа не било пријавено во институциите, а имал и телохранители.

Откако Специјалното јавно обвинителство соопшти дека екс- премиерот не располага со пари и имот на свое име, Николовска посочува оти конфискацијата допира до трето колено, доколку се утврди дека движењето на имотот се одвивало преку други.

„Замрзнување на имот во овој случај не е потребно“, смета поранешната врховна судијка Милка Ристова. Таа посочува дека во конкретниот случај, Груевски не е осуден за противзаконско стекнување имот.

Ристова смета дека институциите требало да го спречат бегството на Груевски, но смета дека државата има процедури за да го врати.

 

Фиљана Кока