Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски
Како што соопштуваат од обвинителството, во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас.
Како што соопштуваат од обвинителството, во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.
Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се наредби за прибирање податоци поврзани со настанот
