Ќе се истражува каква е состојбата со жените и децата во Македонија
Од УНИЦЕФ велат дека во земјава ќе се спроведе меѓународната програма за анкетирање домаќинства. Треба да даде релеванти податоци за состојбата на жените и децата...

„Македонија е втора земја во Западен Балкан во однос на физичкото казнување на деца“, ова го покажува последното истражување на УНИЦЕФ. Оттаму предупредуваат и дека загрижува смртноста кај децата.
Од УНИЦЕФ велат дека во земјава ќе се спроведе меѓународната програма за анкетирање домаќинства. Треба да даде релеванти податоци за состојбата на жените и децата, нивото на сиромаштија, семејното насилство, пристапот до струја и вода за пиење. Предвидено е да се посетат 6 илјади домаќинства.
Анкетата ќе се спроведува од 16-ти ноември до март идната година. Домаќинствата ќе бидат одбрани по случаен пример.
Александра Спировска
