Медицинските сестри не добија за пет насто повисока плата, Филипче вели дека е запознаен со проблемот
Медицинските сестри вработени во државните клиники не го добија септемвриското зголемување на платите за пет насто, со образложение дека нема пари во буџетот. Ресорниот министер Филипче е запознат со проблемот. Вели дека се прават обиди за зголемување на платите од почетокот на идната година.

Медицинските сестри на клиниките не добија за пет насто повисока септемвриска плата, иако тоа им беше ветено од власта. Повеќе пари добиле само лекарите специјалисти. Ресорниот министер Филипче вели оти е запознаен со проблемот, и тврди дека се прават напори сите здравствени работници од јануари да добијат повисоки плати.
„Правиме крајни напори да ги обезбедиме сите овие средства јас верувам дека ќе успееме заради тоа што сите здравствени работници заслужуваат да го добијат тоа. Меѓутоа поконкретни информации дозволете ми да дадеме кон крајот на неделава“, вели минисатерот за здравство, Венко Филипче.
За проблемот пред неколку дена предупреди Унијата на здруженија на медицински сестри.
„Еве конкретно од Гинеколошката клиника имавме дојава од нашето членство, неофицијално ни се јавија дека сега со последната исплата на личниот доход дека последното покачување кое беше паралелно на денарската противредност на коефициентот од колективниот договор дека сестрите не го добиле, односно докторите го добиле“, рече Гордана Бешлиовска, Унија на здруженија на медицински сестри.
Во меѓувреме, со јапонска помош во износ од половина милион евра се реконструирани три здравствени установи, Клиниката за гинекологија, Дигестивна хирургија и Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Андријана Атанасовска
