Прилеп

Голем интерес за новиот јавен повик на Фондот за иновации

15.11.2018 15:48

Фондот за иновации и технолошки развој пред бизнис- заедницата го претставува новиот јавен повик за аплицирање со проекти издржливи и со пазарна вредност на малите, микро и средните македонски компании. Повикот е до 11-ти декември, а веќе досега се примени преку 700 апликации. Новата можност за кофинансирање со грантови претставена пред прилепската бизнис- заедница...

Микро, малите и средни претпријатија во земјава покажуваат голем интерес за новиот јавен повик за кофинасирање со гратнови за нивни проекти. Доказ се преку 700 апликации. Фондот за иновации и технолошки развој ќе финансира 85 насто од проектите со вкупна вредност до 30.000 евра.

Ќе има строга контрола за нивната исплатливотст. Процената ќе ја врши комитет од странски бизнис- луѓе со искуство, наглсуваат од Фондот кои го претставија јавниот повик пред прилепската бизнис- заедница.

Прилепските бизнисмени веќе размислуваат за повеќе различни проекти, зашто е дозволено така да аплицираат. Локалната самоуправа ќе помогне и со дополнителни обуки за повеќе да се искористат средствата, да заживеат локалната економија и вработувањата.

Јавниот повик на Фондот е отворен до 11-ти декември, а на располагање за проектите се еден милион евра, со финансиска помош од Светска банка.

 

Елизабета Митреска