Одадена почит на загинатите македонски војници во војните во Југославија
Изминаа повеќе од две и пол децении од крвавата дезинтеграција на поранешната југословенска сојузна држава, настан кој што е запишан во историјата како последната војна што се случи во минатиот век и тоа на Балканот.

Елаванс Суљемани e син на починатиот татко Бијамин од Штип, кој во 1991-ва година животот го загуби како војник на ЈНА на боиштата каде што се одвиваше Српско- хрватскиот судир. Во тоа време не по своја вина животот го загубија уште 57 млади македонски војници на тогашната ЈНА.
Изминаа повеќе од две и пол децении од крвавата дезинтеграција на поранешната југословенска сојузна држава, настан кој што е запишан во историјата како последната војна што се случи во минатиот век и тоа на Балканот. А во нашата колективна меморија остнаа моментите за големата и непреболена болка за прерано згаснатите животи на младите војници, кои што останаа заробени на боиштата во Хрватска. Семјествата на загинатите момчиња и денска положија свежо цвеќе пред споменикот „Откинато мајчино срце“.
Претседателот на Здржението на починати и ранети војници од 1991-вата година, Моме Кипријановски, којшто ги чувствува последиците од тоа време и ден денес како инвладид, за МТВ изјави дека Здужението не престанува со своите активности, особено кога е во прашње остварувањето на правата на оваа група луѓе, а потврда за тоа се остварените контакти со Владата и големото разбирање за нивните проблеми од страна на премиерот Заев.
И оваа година мајките на загинатите војници ја упатија пораката- имињата на овие херои да не се заборават, но и дека очекуваат тие да бидат постхумно одликувани од државата, бидејќи своите животи ги дадоа за независна Македонија.
Мирјана Василева
