Аграр

Само 4% од земјоделците го осигуруваат производството

16.11.2018 10:44

Само 4% од вкупно евидентираните земјоделски стопанства се решаваат да ги осигуруваат своите имоти. Осигурителните компании, според фармерите, нудат скапи полиси кои целосно не ги покриваа ризиците во производството. Сите се согласуваат дека моделот треба да се менува...

Земјоделското осигурување како дел од вкупното имотното осигурување изнесува само 2% од премија. Од вкупно регистрираните земјоделци, само 4 % го осигурале своето производство, а 2/3 од нив ја искористиле државната субвенција за премиите.

Се размислува за нов модел зашто земјоделците тешко се решаваат да ги осигуруваат насадите и нивите, а бројот на склучените полиси е се помал, и покрај владините субвенции од 60 проценти. На пример од 5.000 полиси од 2015-та година, лани се склучени само 3.000.

Земјоделците главно се незадоволни од пакетите на осигурителните компании, но поголем проблем поради кој тие не го осигуруваат своето производство е тоа што државата врши обештетување од природните непогоди.

Осигурувањето е клучно, особено поради климатските промени, кои се повеќе влијаат на приносите.

Лани за оваа намена биле исплатени 4,5 милиони евра.

 

Методија Трајков