Вашингтон

Поднесен предлог- закон за „Случајот Кашоги“

16.11.2018 10:49

Ако законот се одобри, ќе прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија и ќе им се забрани на САД да ги дополнуваат со гориво авионите на коалицијата предводена од Ријад, која дејствува во Јемен.

Републиканци и демократи во Сенатот поднесоа предлог- закон кој има за цел воведување санкции кон Саудиска Арабија поради смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Ако законот се одобри, ќе прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија и ќе им се забрани на САД да ги дополнуваат со гориво авионите на коалицијата предводена од Ријад, која дејствува во Јемен.

Во законот се предлага и воведување санкции за сите што ќе блокираат пристап на хуманитарна помош за Јемен. Истовремено, канадската министерка за надворешни работи рече дека Канада би можела да го следи американскиот пример и да воведе санкции против саудиски лидери, вмешани во убиството на новинарот.