Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

16.11.2018 11:07

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани СМС и Вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани СМС и Вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски.

На претходните рочишта беше читано вештачењето од мобилниот телефон на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељновски и беа прегледани снимки од безбедносните камери во Собранието од ходиникот пред неговата канцеларија, како и ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието и видео материјали од телевизиските куќи.

Судечкиот совет во предметот „27 април“ минатата недела одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата здравствена состојба.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.