МВР на Црна Гора: Груевски на 11-ти ноември влегол и излегол од Црна Гора
Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11-ти ноември 2018 година, во интерес на информирање на јавноста ве известуваме за следното: Никола Груевски влегол во Црна Гора на наведениот ден и истиот ден излегол од земјата, се наведува во соопштението од црногорското МВР...

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11-ти ноември влегол во Црна Гора и во истиот ден излегол од таа држава.
По повод наводите објавени во медиумите, како и интересот на медиумите за ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11-ти ноември 2018 година, во интерес на информирање на јавноста ве известуваме за следното: Никола Груевски влегол во Црна Гора на наведениот ден и истиот ден излегол од земјата, се наведува во соопштението од црногорското МВР.
Во соопштението се дополнува и дека црногорската полиција во овој случај „во целост ги испочитувала законските процедури“.
Претходно, Албанската полиција соопшти дека Груевски преку Албанија заминал за Унгарија.
