Пјонгјанг

Ким Јонг-Ун на тестирање ново оружје

16.11.2018 11:34

Агенцијата понатаму наведува дека ова било прва инспекција на терен заради тестирање на некое оружје, на која Ким присуствувал од ноември минатата година.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун го надгледувал тестирањето на новото високотехнолошко стратешко оружје. Јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејската држава телевизија, јави дека оружјето било „истражувано и разработувано долго време“ и оти тестирањето било успешно.

Агенцијата понатаму наведува дека ова било прва инспекција на терен заради тестирање на некое оружје, на која Ким присуствувал од ноември минатата година.

САД, пак, остануваат убедени дека ким ќе ги почитува преземените обврски за денуклеаризација.