Вложени 8 милиони евра во агроиндустријата

Се искористуваат земјоделските кредити

06.11.2013 09:39

Се поголем е инересот Земјоделските кредити

 Од 10,7 милиони евра наменети за кредитирање на преработувачката  индустрија и извозот на земјоделските производи до крајот на  годинава се очекува да бидат искористени скоро 8 милиони. 
Скоро 8 милиони евра вложи Агроиндустријата преку кредити од Македонската банка за поддршка на развојот. 
Најголемиот дел за откуп на жито , грозје и за преработките   на  овошје и зеленчук. 
26 компании од прехранбената индустрија и капацитети за  преработки на месо и млеко ќе ги враќаат средствата по поволни услови.Каматата е 3 проценти . За основните средства рокот за враќање е  до 60 месеци  и до 18 месеци за обртните средства. 
Покрај  идните се финансираат и направените набавките до 90 дена пред поднесување на кредитното барање поради сезонскиот карактер на овој секторот. 
Апликациите се доставуваат и одобруваат преку македонска банка за поддршка на развојот.Лани од оваа кредитна линија беа искористени само 3 милиони евра.