Снегот предизвика проблеми во Њујорк
16.11.2018 12:00
Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Менхетен, што предизвикало голем метеж на станицата.

Првите врнежи од снег предизвикаа проблеми во функционирањето на надземниот транспорт во Њујорк. Влажниот снег и силните налети на ветар кршеле гранки од дрва кои го отежнале сообраќајот.
Поради лошото време, автобусите тешко стигнувале до централната автобуска станица на Менхетен, што предизвикало голем метеж на станицата.
На мостот „Џорџ Вашингтон“ дошло до верижен судар во кој учествувале неколку автомобили.
