„Вашингтон пост“: Има тајно обвинение за Асанж
Според информациите обвинувањата биле ненамерно објавени, што би можело да ја раздвижи истрагата за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година и да има последици по оние кои објавиле владини тајни.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е обвинет по тајно обвинение, објави „Вашингтон пост“. Според информациите обвинувањата биле ненамерно објавени, што би можело да ја раздвижи истрагата за мешање на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година и да има последици по оние кои објавиле владини тајни.
Од јуни 2012-та година, Асанж е засолнет во Амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во 2015-та година Шведска соопшти дека се откажува од истрагата за сексуално злоставување против основачот на Викиликс, поради застареност.
