Расте бројот на жртви во пожарите во Калифорнија
16.11.2018 14:30
Најтешко е погоден градот Парадајз каде што пожарот уништи 9 илјади куќи. Околу 9.400 пожарникари во моментов се борат со шумски пожари низ државата.

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, со што билансот на исчезнати е двојно се зголемен.
Најтешко е погоден градот Парадајз каде што пожарот уништи 9 илјади куќи. Околу 9.400 пожарникари во моментов се борат со шумски пожари низ државата.
Претседателот Доналд Трамп најави посета на Калифорнија за да ја испита штетата.
