Раст на платите за 4,5%, невработеност до 20%
Со буџетските промени, Владата најавува пресвртница во економските политики, ветува народните пари ќе одат за поддршка на ранливите категории, ќе се подобри живеачката, ќе се намали сиромаштијата. Фокусот на капиталните иневстиции ќе биде ставен на изградбата на патишта и на гасификацијата...

Буџетот е скроен да направи пресвртница во економските политики, обезбеди подобар стандард на граѓаните, социјална праведност и раст на еконимијата- најави Владата. Дополнителни пари се издвоени за намалување на аерозагадувањето, новина има кај покачувањето на платите, наместо од септември од први јануари, медицинскиот персонал ќе има за 5 насто поглем личен доход, лекарите специјалисти ќе добијат плати од 100 илјади денари.
Растот е позициониран на 3,2 насто, дефицитот на 2,5 проценти до бруто домашниот производ, со тендеција на стабилизирање на јавниот долг кој сега изнесува 48,2 проценти, а според фискалната старетегија во 2019-та треба да достигне 54,2 проценти. Ќе порасне поради задолжувањата на Агенцијата за патишта, за изградбата на автопатот Кичево- Охрид чии долгови влегуваат во јавниот, вели министерот за финансии. Иако во буџетот нема таква проекција, Тевдовски објаснува зошто расте долгот за 600 милиони евра, а дефицитот се намалува.
Државата планира да се задолжи и дома и во странство, но не се планираат повеќе од две аукции месечно, тврди Тевдовски.
Капиталните инвестиции се на рамниште од 418 милиони евра. Ќе има во железничката и патната инфраструктура и во гасификацијата, каде се проектирани милијарда 930 милиони денари. Според Владата, се гради во два правци, Кавадарци- Прилеп- Тетово и на потегот Скопје- Тетово- Гостивар. Премиерот најави дебата за нова локација за изградба на Клинички центар, на три нови локации, инвестиција вредна 450 милиони евра.
Сузана Фиданска- Стоевска
