Целосно спроведени 27 од 72 активности за реформа на администрацијата
Целосно се спроведени 27 од 72 активности за реформа на администрацијата – покажува направената анализа. Во однос на барањата за информации од институциите, се чини оти молкот повеќе не проблем, туку потребата да се добие содржински и суштински одговор...

Изготвена анализа на полугодишниот реформски процес за стоилјадитната јавна администрација, која ги опслужува граѓаните. Скенирани се поставеноста, работата на телата и органите, степенот на спроведување на активностите и инспекциските служби. Од 72 активности, според овој извештај, целосно се завршени 27.
Сепак, поинакви се оценките во паралелниот извештај на невладината Фондација Отворено општество. Тој опфатил 32 активности. До институциите биле поставени 294 барања за информации од јавен карактер, но одговор добиле за само 4 проценти од нив. Најнеажурни се во Генералниот секретаријат, од каде или ја префрлале одговорноста или давале кратки и несоджрински одговори.
Во тек е реформа на администрацијата. Надлежните не ја отфрлија можноста на дел од вработените да им се заблагодарат, по што тие би се префрлиле во приватниот сектор.
Фиљана Кока
