Меј ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција
БИ-БИ-СИ пренесува дека и покрај неколкуте оставки на министри во британската влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците.

Британската премиерка Тереза Меј ги отфрли шпекулациите дека може да биде соборена од премиерската функција поради нејзиниот договор за Брегзит. БИ-БИ-СИ пренесува дека и покрај неколкуте оставки на министри во британската влада и се погласните шпекулации за гласање недоверба, Меј вети дека ќе го потпише договорот во Брисел и ќе го достави пред пратениците.
Во меѓувреме, основачот и уредник на сајтот Брегзит- централ, Џонатан Исабеј објави дека Конзервативците собрале доволно потписи за гласање надоверба на Меј како лидерка на партијата.
